• ЕИБ инвестира 853 милиони евра во Западен Балкан во 2021 година, поддржувајќи мобилизација на скоро 3 милијарди евра инвестиции во регионот.
  • ЕИБ го поддржува брзото и зеленото закрепнување на регионот со 1,7 милијарди евра веќе испорачани како дел од финансискиот пакет на Тим Европа за КОВИД-19.
  • За да има Западен Балкан уште поголема придобивка од лансирањето на ЕИБ Глобално, нова филијала на ЕИБ основана да забрза финансирање и влијание надвор од ЕУ преку рационализирана стручност и финансиска поддршка
  • Во линија со Економскиот и инвестицискиот план на Европската Комисија и новата Глобална порта, ЕИБ инвестира 257 милиони евра во одржливи проекти во регионот во 2021 година
  • ЕИБ обезбеди близу 200 милиони евра во дигиталниот сектор во регионот, правејќи ја Групацијата ЕИБ еден од најголемите двигатели на дигиталната трансформација во Западен Балкан.
  • Банката на ЕУ инвестира 560 милиони евра за мали и средни претпријатија во 2021 година, што им помогна на бизнисите да одржат ликвидност и инвестиции, адаптирање, зачувување и создавање на работни места

Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ), банката на Европската Унија, инвестираше севкупно 853 милиони евра низ Западен Балкан во 2021 година за одржлив развој, зелената транзиција, дигитализација и поддршка за мали бизниси. Минатата година, ЕИБ инвестира 560 милиони евра во мали и средни претпријатија помагајќи им да закрепнат, да се адаптираат и да продолжат да обезбедуваат можности за вработување. Со приближно 200 милиони евра инвестирани во дигиталниот сектор на Западен Балкан од 2020 година, Групацијата ЕИБ стана еден од најголемите двигатели на дигиталната трансформација во регионот. Како дел од Тим Европа, ЕИБ ја исполни својата обврска за вбризгување на 1,7 милијарди евра за побрзото закрепнување од КОВИД-19, обезбедувајќи зелен, дигитален и одржлив раст.

За да го прошири своето локално присуство и да ја зајакне финансиската и техничката помош за државите надвор од ЕУ, Групацијата ЕИБ ја лансира ЕИБ Глобално – имајќи за цел да го забрза планирањето и имплементацијата на проектите преку соодветна поддршка обезбедена од експерти на терен. Западен Балкан може да ги искористи придобивките од ЕИБ Глобално, која исто така ќе биде еден од главните партнери на Европската Комисија во имплементација на иницијативата Глобална порта.

Лилјана Павлова, потпретседателка на ЕИБ, која е одговорна за Западен Балкан, изјави: „Исклучително сум горда на постигнатите резултати, што ја покажува нашата силна посветеност во рамките на Тим Европа за зелената транзиција, дигитализација и развој на приватниот сектор. Нашата поддршка беше опиплива не само во финансирање, туку и преку зголемување на нашата техничка поддршка за имплементирање на Економскиот и инвестицискиот план, како и Зелената агенда во Западен Балкан која ќе го постави курсот кон почиста животна средина и подобри услови за живот. Ние му помогнавме на регионот да се адаптира на новата дигитална ера преку отклучување на значителни средства за подобрување на дигиталната инфраструктура и вештини. Сега, со лансирањето на ЕИБ Глобално, ќе бидеме во позиција да реагираме веднаш и да допреме до конкретните потреби на терен, да го прошириме нашето партнерство и знаење и умеење до држави и региони на кои тоа им е најпотребно. Тоа отвора ново поглавје и го издигнува нашиот достиг надвор од ЕУ, овозможувајќи ни уште поуспешно да го управуваме кормилото на дигитализацијата, активностите за климатските промени и инклузивен раст. “

Помагајќи им на МСП да одржат работни места, да се развиваат и трансформираат

Во 2021 година, ЕИБ обезбеди 560 милиони евра за мали и средни компании во регионот за помош на одржување на ликвидноста, да продолжат со инвестиции, да задржат работни места и да создадат нови можности за вработување. Овие средства беа достапни по поповолни, долгорочни и флексибилни услови, како дел од финансискиот пакет на Тим Европа за побрзо закрепнување од ковид-19 на регионот.

Банката на ЕУ воведе нови финансиски алатки и производи, како кредитни линии за специјализирани климатски активности со цел за олеснување на дејаглеродизацијата на компаниите во регионот преку воведување на енергетско ефикасни практики. Други финансиски заеми за влијание се очекува да се имплементираат низ регионот за надополнување на оној веќе потпишан во 2020 година за Србија, во поддржување на фирмите за вработување на луѓе од ранливи социјални групи. Преку новата гарантна институција на Западен Балкан и поблиска соработка со нашата специјализирана подружница за МСП – Европскиот инвестициски фонд, очекуваме да ја засилиме нашата поддршка на развојот на приватниот сектор.

ЕИБ ја зголеми поддршката за климатската акција и одржливост на животната средина во Западен Балкан

Како климатска банка на ЕУ, ЕИБ ја засили својата техничка и финансиска поддршка за фокусирање на подготовка и имплементација на климатски и одржливи проекти, во линија со Економскиот и инвестицискиот план. Во 2021 година, таа отклучи вкупно 257 милиони евра за заштита на животната средина, побезбедни и ефикасни енергетски мрежи, одржлив транспорт и воведување на климатски погодни проекти меѓу малите компании. Финансирањето на ЕИБ стана достапно за поддршка за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Митровица и системи за дистрибуција на вода во Тирана, како и во општините Јајце и Зворник, што ќе обезбеди пристап до вода за пиење и санитарни услуги на над милион луѓе во регионот. Финансирањето на ЕИБ исто така ќе ги зајакне енергетските мрежи во Југоисточна Европа со воведување на безбедно, разновидно и ефикасно снабдување.

Инвестициите на ЕИБ потпишани во 2021 година овозможија модернизација на урбаниот транспорт во Кантонот Сараево, за справување со сообраќајниот метеж и намалување на загадувањето на воздухот. Заедно со Европската комисија и другите партнери, ЕИБ планира да ја зголеми поддршката за да му помогне на регионот да го забрза спроведувањето на Зелената агенда.

Овозможување на дигиталната трансформација

Со 200 милиони евра инвестирани во дигитални проекти низ Западен Балкан од 2020 година, ЕИБ овозможи паметен, отпорен и инклузивен раст на регионот. Инвестициите на ЕИБ се однесуваат на дигиталниот јаз во регионот и овозможуваат надградби на постоечката 4G и воведување на 5G мрежа, како и дигитализација на преку 1500 училишта и развој на дигитални вештини. Долгорочно, тоа ќе ја зголеми продуктивноста на бизнисот, ефикасноста на јавните институции и вработливоста на младите во контекст на новата дигитална ера.

Основни информации

За ЕИБ Глобално

За подобро да одговори на нашите глобални предизвици, ЕИБ одлучи да основа филијала посветена на интернационални партнерства и финансирање на развој наречена ЕИБ Глобално. Таа ќе ги здружи сите ресурси на ЕИБ и експертиза за државите и регионите надвор од Европската Унија за да помогне во испорачување на пофокусиран придонес кон Тим Европа. Ова ќе помогне во зголемувањето на влијанието на финансирањето на ЕИБ преку оптимизирана соработка со партнери и корисници, со други финансиски институции за развој, со граѓанското општество и надворешни експерти.  Преку ЕИБ Глобално, банката ќе го прошири своето локално присуство ширум светот, вклучувајќи го регионот на Западен Балкан и ќе донесе експерти за да помогнат во идентификувањето и реализацијата на проекти на терен.

За ЕИБ на Западен Балкан

ЕИБ е еден од водечките меѓународни финансиери на Западен Балкан. Во периодот од 2009-2021 година, банката финансира проекти во вкупна вредност од 10 милијарди евра во регионот. Покрај продолжувањето на поддршката за реконструкција и надградба на јавната инфраструктура, од 2010 година, ЕИБ се прошири во многу нови области, како што се здравството, истражувањето и развојот, образованието и МСП. За детални информации за активностите на ЕИБ на Западен Балкан, посетете ја следнава веб-страница: www.eib.org/en/publications/the-eib-in-the-western-balkan