Search EN menu en EIB GROUP CLIENT PORTAL
Search
Results
Top 5 search results See all results Advanced search
Top searches
Most visited pages

Северна Македонија и ЕИБ

Од 1977 година, нашите операции во Северна Македонија ја поддржуваат инфраструктурата за води во земјата, транспортните мрежи, снабдувањето со енергија и развојот на малите и средни претпријатија.

Во Северна Македонија придонесовме за одржлив раст преку инвестиции поддржани од ЕУ во витална инфраструктура и блиска соработка со локалните партнери. Нашата поддршка ја помогна зелената транзиција на локалната економија, доведе до регионално економска и климатска отпорност и подобрување на условите за живот во земјата.

Во земјата, се фокусиравме на:

Климатски активности

Преку рамковни заеми и техничка помош, ја финансираме изградбата и реновирањето на инфраструктурата за водоснабдување, отпадни води и заштита од поплави низ општините на Северна Македонија, вклучувајќи ја и новата постројка за третман на отпадни води во Скопјe. Овие проекти го подобруваат пристапот до безбедна вода за пиење, ја подобруваат санитарната заштита и ги намалуваат емисиите на стакленички гасови преку подобар третман на отпадни води и дигестија на тиња.

За да им помогнеме на финансиските институции и бизнисите да се справат со климатските ризици, обезбедуваме скроена поддршка во рамките на нашата Програма за зазеленување на финансиските системи. Оваа сеопфатна иницијатива за градење капацитети им помага на Народната банка на Република Северна Македонија и на локалните комерцијални банки да ја зајакнат својата способност за процена и справување со ризиците поврзани со климата, да ги поттикнат зелените инвестиции кај локалните бизниси и да поддржат одржлива економска транзиција.

Неколку градови, исто така, имаат корист од Фондот за финансискиот јаз за градската клима, кој обезбедува техничка помош во рана фаза за претворање на идеите фокусирани на климата во одржливи урбани проекти.

За понатамошна поддршка на подготовката на проектот, инвеститорите можат да ја користат Зелената проверка за подобност на ЕИБ, достапна на локалните јазици, за да проценат дали планираните инвестиции се квалификуваат за зелено финансирање.

Развој на приватниот сектор

Заедно со Делегацијата на ЕУ, Развојната банка на Северна Македонија и комерцијалните банки, им помагаме на локалните компании да растат, да останат конкурентни и да преминат кон климатски неутрален, инклузивен и одржлив модел. Нашата поддршка има за цел да создаде нови можности за инвестиции и вработување, а воедно да ја унапреди зелената транзиција и декарбонизацијата на приватниот сектор.

На пример, нашата програма за зелено финансирање им овозможи на малите бизниси да ја намалат потрошувачката на енергија, да ги модернизираат машините и да усвојат модели на кружна економија. Овие напори им помогнаа да го намалат својот еколошки отпечаток, да се адаптираат на регулативите на ЕУ за јаглерод и да ја зајакнат својата конкурентност.

Одржлив транспорт

Придонесовме за модернизирање на главната транспортна мрежа на Северна Македонија што води кон подобрување на циркулацијата на сообраќајот низ Скопје. Со изградбата на два автопатишта во северозападниот и југоисточниот дел на земјата, го олеснивме меѓународниот сообраќај и го поттикнавме извозот.

Во рамките на иницијативата Глобална порта, имаме за цел да ја финансираме изградбата на источниот дел од железничката пруга на Коридорот VIII, што го поврзува градот Крива Паланка со бугарската граница.

Енергетска сигурност

Заедно со Европската Унија (ЕУ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ја поддржуваме изградбата на гасна интерконекција помеѓу Северна Македонија и Грција. Овој проект ќе ја диверзифицира понудата, ќе ја зајакне енергетската сигурност и ќе помогне да се позиционира земјата како регионален енергетски центар.

Накратко

ЕИБ обезбедува финансии и експертиза за здрави и одржливи инвестициски проекти во Северна Македонија.

Активност на ЕИБ во Северна Македонија по сектори

(од почетокот на работата)

Помагање на малите бизниси да станат зелени

Водич за декарбонизација

Promovens

Приказни на ЕИБ во Северна Македонија

Индивидуалните приказни зборуваат многу погласно од бројките и графиконите. Откријте како нашата работа го подобрува квалитетот на животот во Северна Македонија и пошироко.

Добијте поддршка од ЕИБ во Северна Македонија

Можеме да ви обезбедиме различни типови финансирање за спроведување проекти кои промовираат раст и работни места во вашата земја. Преку нашите операции промовираме одржлив развој, мир и стабилност низ целиот свет. Тука може да го прегледате асортиманот на производи на групацијата ЕИБ.

Мали проекти

Заеми под 25 милиони евра

Големи проекти

Заеми над 25 милиони евра

Советодавни услуги

Добијте различни видови советодавна и техничка помош

Контактирајте нѐ

Локална власт или голема корпорација

Контактирајте ја нашата локална канцеларија

Медиуми

Контактирајте го нашиот службеник за печат

Канцеларија за медиумите
Тел. +352 43791
press@eib.org
www.eib.org/press


Општи прашања

За прашања во врска со можностите за финансирање, активноста, организацијата и целите на ЕИБ.
Контактирајте со шалтерот за информации

Тел. +352 4379-22000
Често поставувани прашања